Златните неба и прозрачните квечерини на белите ноќи и понатаму го чуваат сјајот на минатото. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му пркосат на општото сивило на Ленинград. Војната сѐ уште не е стигната до овој прекрасен град, ниту до животите на двете сестри, Татјана и Даша, кои делат една собичка во преполн стан со нивниот брат и нивните родители. Нивниот свет се превртува наопаку кога армијата на Хитлер ја напаѓа Русија.

Но има и светлина среде целата темнина. Татјана го запознава Александар, храбар млад офицер во Црвената Армија. Тој ја привлекува со својата сила и самодоверба, со својата резервираност и мистериозност – а и таа го привлекува него. Но таа не знае дека токму тој е избраникот на нејзината сестра Даша, па Татјана се заљубува во него. Пламенот на забранетата љубов бликнува со незадржлива сила, непоколебливо спротивставувајќи се на сестринската верност и лојалност.

Набрзо, нивниот град паѓа во канџите на гладот, очајот и стравот за време на ужасната зима под безмилосната германска опсада и Александар станува нивната единствена надеж за спас. Но Александар има тајна која внимателно ја штити – тајна разорна речиси колку самата војна. Во време кога секој ден е потполно неизвесен, Александар и Татјана градат свој свет од украдени моменти, скриени погледи и прошепотени нежности. И додека околу нив се испишуваат најважните страници од руската историја, двајца млади се борат за својата љубов, бидејќи само таа може да им донесе спас.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Бронзениот коњаник 1

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Паулина Сајмонс
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 425 ден


  • 1 или повеќе 425 ден

Ознаки: bronzeniot konjanik, paulina sajmons