Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата киднапирана ќерка – или да ризикува да ја изгуби засекогаш. Тоа е приказната на овој „интензивен и оригинален“ трилер (Стивен Кинг), кој ги освои наградите „Бери“ и „Макавити“ и беше прогласен за најдобар роман на годината според ITWA.

Тоа е нешто што родителите го прават секое утро: Рејчел Клајн ја остава својата ќерка на автобуската станица и се упатува кон своите обврски. Но, еден повик од непознат број менува сè: тоа е повик од жена што ја информира дека Кајли е киднапирана и единствениот начин Рејчел повторно да ја види е да ги следи точно нејзините упатства, да плати откуп и да најде друго дете за киднапирање. Ова не е обично киднапирање: јавувачот е мајка, чиј син е однесен и ако Рејчел не стори како што ѝ е речено, момчето ќе умре.

„Вие не сте први. И сигурно нема да бидете последни.“ Рејчел сега е дел од Синџирот, бесконечна и генијална шема што ги претвора жртвите во криминалци. Правилата се едноставни, моралните предизвици невозможни. Најдете ги парите брзо, пронајдете ја својата жртва и потоа извршете ужасен чин за кој сте мислеле дека не сте способни пред само дваесет и четири часа.

Но, она што го знаат умовите што стојат зад Синџирот е дека родителите ќе направат сè за своите деца. Kиднапирањето е само почеток.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Синџирот

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Адријан Мекинти
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Лаги што поврзуваат

Лаги што поврзуваат

Два часот по полноќ, една саботна вечер во пролетта на 2001 година, дваесет и осумгодишната Сесили Г..

Автор:

490 ден

Девојката и ноќта

Девојката и ноќта

Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани..

Автор:

199 ден

Ноќниот портрет

Ноќниот портрет

Возбудлив историски роман за создавање на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи,..

Автор:

490 ден

Пилешка супа за душа

Пилешка супа за душа

Во оваа книга авторите се потрудиле да ги соберат најинспиративните приказни од животот за секојднев..

Автор:

470 ден

Ознаки: sindjirot, adrijan mekinti