Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството.
За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка.
Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство.
Мистериозниот случај во Стајлс
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Агата Кристи
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
-
- 1 или повеќе 304 ден
Слични продукти
Кодот на Да Винчи
Мега-бестселерот на Ден Браун сега е достапен за новата генерација на читатели. Оваа адаптација е со..
450 ден 600 ден
Некој близок
Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат...Кога осумгодишната Дејзи Мејсон ..
336 ден 420 ден
Дваесет години подоцна
Ејвери Мејсон, водителка на емисијата „Американски настани“, знае кои теми го привлекуваат вним..
413 ден 550 ден
Галерија на мртвите
„Работам во полицијата подолго од три декади и за тоа време имам видено куп лудачки дела, но кога пр..
440 ден 550 ден
