Случајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Се работи за случај што комплетно ги збунува и припадниците на полицијата Скотланд јард. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го усмртила сопругот, кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите?

Овој случај изобилува со низа необични елементи што треба успешно да се поврзат за да избие вистината на површина, затоа што, како што вели Поаро, „секој од нас е мрачна мистерија, лавиринт во кој меѓусебно се борат разни страсти, разни желби, разни склоности“.

Романот „Смртта на Лорд Еџвер“, објавен во 1933 година, е роман чијашто приказна претставува една од најгенијалните криминалистички сложувалки со уште погенијален расплет. Исто така, ова дело е едно од првите филмувани дела на Агата Кристи, уште во 1934 година.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лорд Еџвер е мртов

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Агата Кристи
  • Достапност: На залиха
  • 380 ден
  • 304 ден


  • 1 или повеќе 304 ден

Слични продукти

Одмазда

Инспекторката Силвија Силјановска е во Берлин на специјализација. Заедно со нејзиниот партнер Волтер..

Автор:

224 ден 320 ден

Досие : Љубов

Маја има сѐ, пари со кои може да си дозволи монденски забави, патувања низ светските метрополи, јахт..

Автор:

224 ден 320 ден

Долината на стравот

Шерлок Холмс се соочува со еден од најопасните случаи во својата кариера. Тој добива загадочно ..

Автор:

225 ден 300 ден

Сејди

Ако си таму некаде, те молам, јави ми се...Животот на Сејди не е лесен. Таа мора да се грижи за свој..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: lord edjver e mrtov, agata kristi