Херкул Поаро се наоѓа на одмор во еден повлечен луксузен хотел во Девон, на југот на Англија. Сè што сака е да му минат деновите во мир и пријатно расположение. Но, во хотелот преовладува атмосфера на тензија. Меѓу гостите е и убавата Арлена Стјуарт Маршал, поранешна актерка и сопруга на капетанот Кенет Маршал, која отворено флертува со сопругот на Кристин Редферн, Патрик. Според Арлена, бракот не треба да биде пречка за малку забава на страна. Така, еден ден таа се упатува на тајно рандеву во Заливот на Пикси, но веќе напладне ја пронаоѓаат мртва, задавена. Ова убиство ја потврдува теоријата на Поаро дека злото демне насекаде, како што претходно ù вели на една од гостинките на хотелот: „Мирно е. Сонцето сјае. Морето е сино. Но, вие заборавате, г-ѓице Брустер, дека насекаде има зло под сонцето“. Кој е убиецот на убавата Арлена? Кој имал најсилен мотив да ја убие? Херкул Поаро се вклучува во решавањето на овој случај, што, иако на прв поглед изгледа како злосторство од страст, сепак се развива во нешто повеќеслојно и покомплексно.

Романот „Зло под сонцето“, објавен во 1941 година, е роман за кој Агата Кристи добива високи книжевни критики, а доживува и неколку екранизации и адаптација за радиодрама, а во поново време и адаптација како видеоигра. Делото ги содржи сите ноти на писателското мајсторство на авторката. Тоа изобилува со духовити дијалози и ја следи нејзината специјалност за создавање на сложена приказна што всушност на крајот изгледа едноставна.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Зло под Сонцето

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Агата Кристи
  • Достапност: На залиха
  • 380 ден
  • 304 ден


  • 1 или повеќе 304 ден

Слични продукти

Дебитант

„Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги. Неговиот создател, хемичарот Калит..

Автор:

263 ден 350 ден

Признание

Една ноќ, непознат маж влегува во луксузниот дом на поз­натиот банкар и тајкун Хари Макнамара и него..

Автор:

323 ден 430 ден

Девојките што горат

Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни...

Автор:

400 ден 500 ден

Бегство

Како да фатите бегалец кој нема што да изгуби?Еден опасен затвореник, на кој му се посреќува, се пуш..

Автор:

294 ден 420 ден

Ознаки: zlo pod sonceto, agata kristi