Овие приказни за деца се своевидно продолжение на книгата „Сафари на духот – Книга за мудроста на воспитувањето деца“ од Ана Бучевиќ, која им се обраќа на родителите со желба да спознаат како мудроста на воспитувањето започнува со работата на себе како родител. Основната порака на таа книга е дека децата се огледало на родителите, а изразот „такво си е детето“ е можеби една од најголемите заблуди на минатото и на сегашноста. Време е да спречиме да стане дел и од иднината. И тоа е одлична вест за сите родители.

Оваа книга им се обраќа на децата со посредство на приказните, во кои подеднакво ќе уживаат и родителите и децата, кои ќе ги потсетат на вистинските вредности, оние што ни осигуруваат радосен и исполнет живот, преполн љубов, пријатели и среќни односи, живот што на крајот ќе биде исполнет со прекрасни спомени.

Во денешното општество вредностите се поставени погрешно, а ги немаат поставено децата. Тие упорно се обидуваат да нè потсетат што всушност е животот. И ни го носат најубавиот подарок – повторното детство. Ако го сакате најдоброто за своите деца, оваа книга е ваш избор!

Дали сте знаеле дека медитативните приказни имаат позитивен ефект врз емоционалниот, менталниот и интелектуалниот развој на децата?

„Сафари на духот – приказни за будење на мудроста“ ќе им помогне на децата:

- да го зајакнат здравиот емоционален и интелектуален развој;

- подобро да се носат со стресните ситуации;

- да ги развијат фантазијата и креативноста;

- да ги зајакнат паметењето, концентрацијата и вниманието;

- да ги разбудат потенцијалите што ги носат во себе;

- да се подготват за училишните денови;

- да развиваат добри односи со семејството и со пријателите;

- да ги контролираат негативните мисли;

- да ги зајакнат самодовербата и самопочитта;

- ненасилно да ги решаваат конфликтите;

- да ја зајакнат емпатијата;

- ДА ПРОНАЈДАТ ВНАТРЕШЕН МИР.

За деца од 3 до 99 години.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сафари на духот – приказни за будење на мудроста

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Нада Бучевиќ
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден


Слични продукти

Приказната за Доктор Дулитл

Џон Дулитл е добар и благороден селски лекар кој сака животни - факт што е очигледен поради „златнат..

Автор:

199 ден

Исидора Мун оди на свадба

Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.Мајка ù е самовила, татко ù е вампир, а таа е по малку од д..

Автор:

290 ден

Како што милувате

„Целиот свет е сцена...“ Една од најцитираните реченици од Шекспир првпат се среќава во оваа драма. ..

Автор:

160 ден

Демонот од училишната библиотека

Некои книги кријат пораки од некој друг свет. Затоа нема да се чудиме кога ќе прочитаме дека во една..

Автор:

250 ден

Ознаки: safari na duhot, prikazni za budenje na mudrosta, nada bucevikj