Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна. Една млада жена исчезнува во ноќта.

Француската ривиера, зима 1992 година.

Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Венка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Венка, „Љубовта е сѐ, или ништо". Никој нема да ја види повторно, никогаш.

Француската ривиера, пролет 2017.

Некогаш неразделните Фани, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Венка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина. Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина...

*Книгата е голем формат.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Девојката и ноќта

  • Автор: Гијом Мисо
  • Достапност: На залиха
  • 270 ден


Слични продукти

Доктор Сон

Продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата м..

Автор:

500 ден

Крикот на ластовицата

Книгата го поставува прашањето: Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен чове..

Автор:

500 ден

Злотвор

Ако тој мисли на вас, мртви сте.Една чудна несреќа во рурален Вајоминг води до апсење на човек за по..

Автор:

490 ден

Куклената претстава

Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не..

Автор:

490 ден

Ознаки: devojkata i nokjta, gijom miso