Нови авантури и нови посетители во светот на госпоѓа Тркалезна. Еден ден Ирија, Бруно и неговиот коњ Полжав влегуваат во шумата и пристигнуваат до еден необичен и чуден свет, каде што ги запознаваат госпоѓа Тркалезна и другите ликови, кои ни се веќе познати од првата книга како госпоѓа Будалеста, Зипирити, змејот наречен Грозоморен и многу други нови ликови.
Втората и последна книга од серијата „Госпоѓа Тркалезна“ од Виржиниа де Кастро и Алмеида е објавена во 1943 година. Исто како и во претходното дело, писателката им дава предност на хуморот и на бесмисленоста што Луис Карол ги има прочуено со својата „Алиса во земјата на чудата“. Виржиниа Алмеида е исто така способна да вметне вистински историски настани. Во претходното дело раскажуваше за битките од времето на последниот крал на Португалија, Афонсо Хенрикес, а во овој дел прикажува историски и митолошки елементи од античка Грција, Римското Царство и др.
Ова е истовремено и последната книга од серијалот и воопшто последната книга на Виржиниа де Кастро и Алмеида, која починува во 1945 година.
Авантурите на госпоѓа Тркалезна, том 2
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Виржиниа де Кастро и Алмеида
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
225 ден
-
- 1 или повеќе 225 ден
Слични продукти
Морските самовили
Мајра Грифитс, со прекар Патче, е малечко девојче кое живее во една дрвена куќичка на морскиот брег,..
149 ден 199 ден
Нови бајки од Македонија
„Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи, авторски бајки, кои го збогатуваат омилениот жа..
743 ден 990 ден
Хари Потер и Редот на фениксот
Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден д..
863 ден 1.150 ден
Продавницата за желби на Алберта
Во малиот град крај морето се зборува дека Алберта Броканте има посебна продавница. Затоа се повеќе ..
385 ден 550 ден
Ознаки: avanturite na gospogja trkalezna
