„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“

Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво.

Романот „За кого бијат камбаните“, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, „За кого бијат камбаните“ е можеби најпознатиот воен роман на XX век.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

За кого бијат камбаните

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Ернест Хемингвеј
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден


Слични продукти

Прекрасен нов свет

Една книга за иднината може да нè заинтересира единствено со тоа колку е веројатно да се остварат не..

Автор:

300 ден

Сликата на Доријан Греј

Генијот трае подолго од убавината.Восхитен од својот штотуку насликан портрет, Доријан Греј си ја ну..

Автор:

300 ден

Снеговите на Килиманџаро и други приказни

„И токму во тој момент сфати дека ќе умре. Одеднаш го преплави мислата; не како наплив на вода или в..

Автор:

300 ден

Сонцето повторно изгрева

„Да уживаш во животот значи да научиш да добиваш онолку колку што си платил и да знаеш кога си го по..

Автор:

390 ден

Ознаки: za kogo bijat kambanite, ernest hemingvej