Запознајте се со Ема Кориган, млада жена со огромно срце, нескротлив дух и неколку мааали тајнички. Тајни што ги крие од нејзиниот дечко (како на пример тоа дека нема баш 52 килограми), тајни што ги крие од нејзината мајка (како на пример тоа кога и каде ја изгубила невиноста). Тајни што не би ги споделила со никој на светот, како на пример тоа дека истура кафе во цвеќето на злобната колешка на работа секогаш кога ја вади од такт. Сè додека не се најде во опасна ситуација за време на еден лет, па мислејќи дека авионот ќе се урне, во паника му се исповеда за сè по ред на непознатиот тип до неа.

Но само неколку дена подоцна, се покажува дека тој не е толку непознат. Впрочем, Џек Харпер е милионерот кој ја поседува компанијата каде што работи Ема – значи, нејзин директор. И тој сега го знае секој најмал понижувачки детаљ за неа…

„Ова е книгата која ми ја откри Софи Кинсела и никогаш нема да можам доволно да се заблагодарам. Откако ја открив, се заљубив и тргнав од книжарница во книжарница да барам повеќе книги од Софи. Едноставно ми требаше уште, уште и уште“.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Знаеш ли да чуваш тајна?

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Софи Кинсела
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден


Слични продукти

Долга летна ноќ

И навистина, ништо друго не беше важно. Минатото беше вовед, а иднината ненапишана. Не можеа да бара..

Автор:

420 ден

Фустанот и Светец

„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќ..

Автор:

350 ден

(Не)откриената тајна

Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?Животот на Џи..

Автор:

490 ден

Татјана и Александар 1

Татјана е осумнаесетгодишна трудна вдовица кога бега од војната во Ленинград со надеж за нов живот в..

Автор:

500 ден

Ознаки: znaes li da cuvas tajna, sofi kinsela