Запливај во научнофантастичните води – на нивното дно те чека вистината. Вистината никогаш не е лесно достапна. Треба длабоко и упорно да нуркаш за да ја досегнеш. А "Овириум" е длабок свет во кој случајностите се апстрактни.

За првпат во своето постоење, Чуварот на Преминот, битието познато како Смртта, ќе се соочи со човек кој ќе ги сруши сите правила што таа ги познава. Неговата посебност ќе го разбуди стравот на Смртта од пророштвото постаро од времето. Приказната, раскажана од мистериозен наратор, почнува со едно необично момче со едноставно име што често го слушаш во секојдневјето, а можеби дури и самиот го носиш – Матеј. Потонат во сопствениот свет, тој ја открива својата различност. Таа подразбира нов поглед во огледалото. А таму ќе ја најде Смртта во ново руво. Дали таа е неговиот спасител или џелат? Што значи смртта за Матеј, а што Овириум за Смртта? Најпосле, што ќе значи „Овириум“ за тебе?

Откопај ја легендата – оваа книга е твојата шанса да дознаеш.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Овириум – отаде смртта

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Агрон Усеини
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Се што син ми треба да знае за светот

Пред себе имаме длабоко проникливо обраќање од првите борбени редови на едно од најзастрашувачките ж..

Автор:

300 ден

Разговори во Париз

Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..

Автор:

400 ден

Ада или жар

„Ада или жар“ е книжевна провокација што ги доведува во прашање темелите на романот како жанр, но и ..

Автор:

525 ден

Продавница за животни промени

Роман што буди желба да внесеме повеќе живот во животот и да ја прифатиме иновативната филозофија во..

Автор:

450 ден

Ознаки: ovirium, otade smrtta, agron useini