Авантурата продолжува!
Кога Биг Бен, во Лондон, одеднаш престана да чука, Вилијам знаеше дека се подготвува нешто големо. И навистина! Се појавува мистериозниот агент на орбулаторот, со што започнува нова урнебесна авантура за Вилијам и за неговата најдобра другарка Ишја. Што сака агентот орбулатор од Вилијам? И што е всушност ‒ орбулатор? Страниците на Агентот на орбулаторот, третата книга од светски прославениот серијал за Вилијам Вентон се исполнети со длабоки и мрачни тајни и насекаде има нерешливи шифри. Боби Пирс се враќа во светот на Вентон и ни носи низа интересни пресврти, хумористички роботи и јунаци од разни возрасти и видови.
„Во својот серијал на авантуристички романи за деца Боби Пирс создаде интересен свет што се движи со брзина на светлината… Со години не сум прочитал толку забавен микс на роботска комедија, научна фантастика, авантуристички роман.“ – Верденс Ганг
„Боби Пирс толку динамично и визуелно ни го доловува дејствието што пред очите ви пролетува како филм. Вилијам Вентон без сомнение е најдобриот норвешки пандан на Хари Потер.“ – Бок 365с
Слични продукти
Норвешки приказни и бајки
Во овие приказни ќе сретнеме вештерки, тролови и огри, итри лисици и мистериозни мечки, прекрасни пр..
699 ден
Басни и бајки
Светот на овие хрватски бајки е необичен и прекрасен, а магичните фантазии на Мажураниќ се незаборав..
300 ден
Коалата што не можеше да заспие
Што прави детенцето кога не може да заспие? Се врти десно, се сврти лево, се превртува наопаку,..
350 ден
Чорапојадци
Дали ви се случува да ви исчезне еден чорап?Не зборувам за оние што ќе ги однесе ветрот од жица или ..
380 ден
Ознаки: agentot na orbulatorot, bobi pirs