Нови авантури и нови посетители во светот на госпоѓа Тркалезна. Еден ден Ирија, Бруно и неговиот коњ Полжав влегуваат во шумата и пристигнуваат до еден необичен и чуден свет, каде што ги запознаваат госпоѓа Тркалезна и другите ликови, кои ни се веќе познати од првата книга како госпоѓа Будалеста, Зипирити, змејот наречен Грозоморен и многу други нови ликови.
Втората и последна книга од серијата „Госпоѓа Тркалезна“ од Виржиниа де Кастро и Алмеида е објавена во 1943 година. Исто како и во претходното дело, писателката им дава предност на хуморот и на бесмисленоста што Луис Карол ги има прочуено со својата „Алиса во земјата на чудата“. Виржиниа Алмеида е исто така способна да вметне вистински историски настани. Во претходното дело раскажуваше за битките од времето на последниот крал на Португалија, Афонсо Хенрикес, а во овој дел прикажува историски и митолошки елементи од античка Грција, Римското Царство и др.
Ова е истовремено и последната книга од серијалот и воопшто последната книга на Виржиниа де Кастро и Алмеида, која починува во 1945 година.
Авантурите на госпоѓа Тркалезна, том 2
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Виржиниа де Кастро и Алмеида
- Достапност: На залиха
-
300 ден
Слични продукти
Римска митологија
Во оваа енциклопедија вашите најмлади ќе најдат се што им е потребно да знаат за Римската митологија..
150 ден
Радосница - Сина панделка
Посебни мигови, први, единствени и неповторливи искуства.... Сината панделка е посветена на ваш..
290 ден
Животот на Лота: Што блееш како овца
Денеска во училиште се случи нешто многу потресно. Беренике фон Бјодекер формира женска банда, која ..
250 ден
Исидора Мун запаѓа во неволја
Исидора Мун е посебна бидејќи е поинаква.Мајка и е самовила, а татко и е вампир, а таа е по малку од..
290 ден
Ознаки: avanturite na gospogja trkalezna