За да бидете успешни не е потребно да сте родени под среќна ѕвезда, да бидете богати, да имате идеални познанства и врски или специјални таленти. Единствено што ви е потребно е само- дисциплината. За жал, повеќето луѓе или се движат по линија на помал отпор и/или сакаат моментално задоволство - не земајќи ги предвид долгорочните последици од сегашните акции.

Без оправдувања! покажува како да успеете на три главни полиња во вашиот живот:

1. Вашите лични цели

2. Вашите работни и финансиски цели.

3. Вашата севкупна среќа

Наместо да им завидувате на другите и да копнеете по животот што го имаат избраните „среќници“, престанете да наоѓате изговори и прочитајте ја оваа книга!Брајан Трејси е најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба. Тој е претседател на Брајан Трејси интернешенал, компанија специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побрзо и полесно одошто сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, мотивација, цели, стратегии и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе и 10.000 компании во преку 50 земји ширум светот.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Без оправдувања

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Брајан Трејси
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Слични продукти

Не слушате кога ви зборуваат

Кога последен пат навистина сте слушале некого додека зборува? Кога последен пат некој вас навистина..

Автор:

420 ден

Интерперсонални комуникациски вештини

Со добра комуникација можеме да постигнеме сè. Комуникацијата е размена на пораки меѓу луѓето. Тоа е..

Автор:

350 ден

Психологија на вниманието

Откријте зошто оваа мала книга е една од најзначајните во светската психологија.Психолозите направил..

Автор:

300 ден

Егото е непријател

Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всу..

Автор:

400 ден

Ознаки: bez opravduvanja, brajan trejsi