Среќните парови не се разликуваат многу од несреќните; тие се само способни полесно да го решат предизвикот за да можат повторно да уживаат во заедништвото...
Животите во голема мера зависат од нашите љубовни врски, па зошто беспотребно би си го отежнувале патот? Големата тајна на љубовта е откриена! Со помош на оваа книга ќе успеете да ја зацврстите и да ја продлабочите вашата врска. Освен што со овој водич ќе се забавувате, тој и ќе ве одржи љубопитни, отворени кон својот партнер што никогаш нема да престанете да разговарате, а токму тоа е клучот во (ис)трајноста.
Џон Готман и Џули Шварц Готман, врвни истражувачи и советници за двојки, ќе ви откријат сè за разговорите кои навлегуваат во суштинските теми од кои зависат врските: доверба и посветеност, конфликти, секс, пари, семејство, забава и авантура, раст и духовност и соништа. Вештините за интимен разговор и советите за искреност за сопствените потреби и емоции важат за секоја врска, независно дали е нова или сакате да ја обновите и зацврстите. Ќе го (прео)откриете својот партнер како никогаш досега – и ќе можете да ги остварите и своите и заедничките надежи и соништа за љубовта што ја посакувате и ја заслужувате.
Не претпоставувајте дека знаете каков е вашиот партнер денес само затоа што сте заспале покрај него претходната вечер. Накратко: никогаш не престанувајте да поставувате прашања. Но, поставувајте ги вистинските прашања.
„Чудесна книга што ќе ви овозможи преку забавни и конструктивни разговори да стигнете до љубов што ќе се надградува и ќе трае цел живот!“ - Даниел Џ. Сигел
Осум состаноци
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џон Готман, Џули Шварц Готман
- Достапност: На залиха
-
450 ден
Слични продукти
Soulfood сензационален вовед во посреќен живот
Трагајте за хармонија внатре во себе, тогаш сето она по кое трагате ќе најде пат до вас. Можеме да и..
450 ден
Егото е непријател
Многумина од нас инсистираат дека главната пречка за целосен, успешен живот е надворешниот свет. Всу..
400 ден
Здравиот разум
Oној што со поддршка на здравиот разум ќе успее да владее со себе, може без ароганција да го пресмет..
400 ден
Може оној што верува дека може
Кој може да го победи силниот човек кој верува во себеси? Бидете сигурни дека вашиот успех никогаш н..
400 ден
Ознаки: osum sostanoci, djon gotman, djuli svarc gotman
