Уште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на човечкиот ум со сите негови противречности. Романтичен и трогателен, ова е роман полн со меланхолија, но и хумор и мудрост, низ кој се испреплетени историјата и религијата.

Ерусалим, 1959 година. Шмуел Аш, студент на Хебрејскиот универзитет и млад проучувач на Библијата, се чувствува изгубено. Семејството му е на раб на финансиска пропаст, неговото истражувачко дело е во криза, а девојка му решава да се омажи за претходното момче. Во моментот кога треба да го напушти Ерусалим, наидува на оглас и одлучува да ја прифати работата како негувател на генијалниот, но зајадлив старец, Гершом Валд.

Меѓутоа, во неговиот дом е присутна и една таинствена личност. Аталија Абрабанел, преубава жена во четириесеттите години и ќерка на починат водач на ционистите, го заведува Шмуел, држејќи го истовремено и на дистанца. Малку по малку, старата камена куќа и тројцата отпадници што живеат во неа почнуваат да ги откриваат своите тајни.

Љубовна приказна и роман за растењето. „Јуда“ ни дава несекојдневен поглед на состојбата во Израел и на новозаветната приказна. Низ целиот роман се провлекуваат прашањата: Кој бил Јуда, дали бил предавник, а кој е Исус, дали тој бил христијанин или Евреин? Со или без Јуда, секој Евреин во очите на верниците и понатаму останува олицетворение на предавството. Еден од највлијателните романи на Оз.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Јуда

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Амос Оз
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Анот на загубените души

Лион, 1896 година. Бланша е примерна сопруга на прочуен производител на свила. И покрај тоа што си г..

Автор:

590 ден

Сула

Сула и Нел се неразделни другарки, а нивното пријателство, сепак, постојано е искушувано од трагедии..

Автор:

350 ден

Четирите ветришта

Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..

Автор:

500 ден

Еден незаборавен Божиќ

За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената сре..

Автор:

390 ден

Ознаки: juda, amos oz