„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да ги спаси своите родители Евреи од нацистите во окупирана Полска за време на Втора светска војна.

Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот. Барем еднаш.

„Еднаш побегнав од сиропиталиште за да ги најдам мама и тато. Еднаш спасив девојче по име Зелда од запалена куќа. Еднаш насмеав нацист. Се викам Феликс. Ова е мојата приказна“.

Тоа е доброто кај приказните. Секогаш постои шанса да се остварат.

Феликс е среќен. За разлика од другите деца во сиропиталиштето, тој е сигурен дека неговите родители ќе се вратат по него еден ден. И без разлика колку нацистите ги палат книгите, благодарение на имагинацијата на Феликс, тој и неговите другари имаат безброј приказни – приказни кои ги штитат кога бегаат, кога се кријат од насилството и лудилото што владее насекаде околу нив, кои им даваат надеж кога се чини дека сè е изгубено и кои еден ден можеби дури и ќе му го спасат животот на Феликс.

„Еднаш“ и „Тогаш“ се две книги издадени во споено „омнибус“ издание.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Еднаш и Тогаш

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Морис Глицман
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден


Слични продукти

Првиот универзитетски ден на мојата ќерка

Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет со богатата сопруга Јулија, живее на една о..

Автор:

320 ден

12 стола

„12 стола“ е класика на светската сатира. Книга којашто Индепендент ја нарекува „Book Of A Life..

Автор:

500 ден

Љубовно романче

Една писателка на романси, која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела, ..

Автор:

420 ден

Маријана

Чудесна, неизвесна и богата приказна за љубителите на Лусинда Рајли…Џулија Бекет за првпат ја здогле..

Автор:

420 ден

Ознаки: ednas i togas, moris glicman