Трогателна приказна за љубовта, семејството и надежта, базирана на вистинити настани од периодот по Втората светска војна во Италија. Романот ги следи животите на децата од југот на Италија, испраќани на север да живеат со семејства кои можат да им обезбедат подобра иднина во текот на тешките зими. Преку очите на главниот лик, Америго, Ардоне мајсторски ја отсликува детската наивност и траумите на разделбата.
Италија останува во многу лоша состојба по војната, особено југот. Седумгодишниот Америго живее со својата мајка во Наполи, преживувајќи како и сите други сиромашни луѓе во нивното соседство. Но, еден ден, дознава дека возот ќе ги однесе него и други деца на север, со други семејства каде што ќе бидат безбедни и ќе имаат топла облека и храна. Па така, Америго и илјадници други деца заминуваат кон подобар живот. Низ неговите невини, љубопитни очи гледаме како една нација се издига од пепелта на војната и како одново се раѓа.
Позитивно изненаден од новата околина и можностите за подобра иднина, Америго сфаќа дека понекогаш мора да се откажеме од сѐ, дури и од мајчината љубов, за да си ја пронајдеме судбината.
„Возот со деца“ е повеќе од историски роман — тоа е човечка сага за загуба, носталгија и надеж. Книжевно ремек-дело кое носи длабока историска и емотивна тежина.
Возот со деца
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Виола Ардоне
- Достапност: На залиха
- 440 ден
-
352 ден
-
- 1 или повеќе 352 ден
Слични продукти
Клубот на убиства во четврток
Брилијантна четворка со неколку скриени трикови во ракавите, жена полицаец со својот прв голем ..
375 ден 500 ден
Ознаки: vozot so deca, viola ardone
