Животот, сечиј живот е многу кус. Но, ако успееш да бидеш среќен, барем во само еден момент, вредело да го живееш. Базирана на искуството на преживеаната затвореничка од Аушвиц, Дита Краус, ова е неверојатна приказна за девојчето што го ризикувало својот живот за да ја сочува магијата на книгите за време на холокаустот.

Четиринаесетгодишната Дита е една од многуте луѓе, што нацистите ги заробиле во Аушвиц. Одведена заедно со родителите од квартот Терезин во Прага, се обидува да се прилагоди на ужасниот живот во логорот. Кога еврејскиот водач Фреди Хирш ќе ја замоли да ја преземе грижата за осум драгоцени книги што затворениците успеале да ги прошверцуваат покрај стражарите, таа се согласува. И така Дита станува библиотекарката од Аушвиц. 

Од едно од најмрачните поглавја во човечката историја, ни доаѓа оваа исклучителна приказна за храброста и надежта.

„Иако напишана без никакво затскривање на незамисливите ужаси во логорот на смртта, ова е сторија што сепак го величи животот.“ ─ Киркус ривјус

„Незаборавен роман, што ќе ви го скрши срцето.“ ─ Паблишерс викли

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Библиотекарката од Аушвиц

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Антонио Итурбе
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Мачорот што ги спаси книгите

Дедо ми отсекогаш велеше дека книгите поседуваат безмерна моќ. Која е вистинската моќ на книгит..

Автор:

340 ден

Пролетен дожд

Ли Спенсер, млада учителка и самохрана мајка на десетгодишниот Били, е во непријатна ситуација порад..

Автор:

490 ден

Дабот се уште e тука

Потресен роман за копнежот, вината, бесмртното пријателство и пронаоѓањето животна рамнотежа по разу..

Автор:

400 ден

Невестата

Сите негови војници внимателно зјапаа во неговата сопруга. Тие можеби не ѝ веруваа на жената на нивн..

Автор:

520 ден

Ознаки: bibliotekarkata od ausvic, antonio iturbe