„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”
По тешкиот развод и непростливото предавство, Џој Канделаро повеќе не може да му се радува на Божиќ, нејзиниот омилен празник. Без размислување купува авионски билет за Канада, очајна да исчезне од познатото опкружување. Кога по неочекуваната несреќа ќе се најде среде дивина, Џој ја зграпчува шансата да исчезне на некое време, да го напушти својот тажен живот и да подише со полни гради.
Во малото гратче Рејн Вели, наоѓа засолниште во зафрлената куќарка на Даниел О’Ши и неговиот шестгодишен син Боби, кој треба да го дочека првиот Божиќ без мајка си. Повлечен и изгубен во својата тага, Боби зборува само со своето замислено другарче – сè додека не ја запознае Џој. Додека таа им помага на Даниел и Боби да закрепнат, нешто сончево и неочекувано почнува да свети во нејзината душа: кревко ветување за нов почеток. Но, ниту во Рејн Вели не е cè така како што изгледа и во еден ненадеен момент, новиот свет на Џој е уништен.
На бадниковата ноќ исполнета со чуда, невозможни избори и надеж што мислела дека е изгубена засекогаш, Џој мора да собере храброст да се бори за љубовта, семејството и втората шанса што не верувала дека некогаш ќе ја добие.
Љубов пред Божиќ
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Кристин Хана
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Еленор Олифант е океј
Запознајте ја Еленор Олифант. Таа е девојка со тајни со кои не може да се соочи цел живот. Таа си им..
320 ден 400 ден
Пилешка супа за душа
Во оваа книга авторите се потрудиле да ги соберат најинспиративните приказни од животот за секојднев..
353 ден 470 ден
Изгубената ќерка
Дали би се оддалечиле од сопственото дете само за да му овозможите спокоен живот? Кога срцето н..
329 ден 470 ден
Ознаки: ljubov pred bozikj, kristin hana

