Овој роман донесува впечатлива приказна за судирите помеѓу личните и општествените вредности, нагласувајќи ја борбата за автентичност.

Приказната почнува една дождлива ноќ, во такси-возилото број 382, кога Коста Рашиќ, пензиониран мајор, решава да тргне на пат за Крф. Откако ја продал куќата во која израснал за да ги врати долговите, за првпат ќе зачекори надвор од границите на својата земја, во потрага по вистината, неговото единствено преостанато прибежиште.

Случајната средба со Марија, таксистка што таа ноќ ќе стане негов придружник, ќе го предодреди сето тоа што потоа ќе се случи „под туѓо сонце“.
Коста сака да се соочи со себе и со остатоците од својот живот, а Марија сака да избега од себе и од својот живот.

Точката што ги раздвојува ќе стане точка во која ќе се сретнат нивните сеќавања. Во исто време, таа ќе го придвижи невидливиот животен механизам, во кој секогаш се открива дека сè е возможно.

Нивната приказна открива како поединецот се справува со предизвиците во светот што често не пружа втора шанса. Со елементи на драма и интроспекција, најновиот роман на Миодраг Мајиќ се издвојува како дело што го плени вниманието и поставува прашања за правдата, љубовта и одговорноста.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Под туѓо сонце

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Миодраг Мајиќ
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 338 ден


  • 1 или повеќе 338 ден

Слични продукти

Кажа дека не се кае

Патот долг стотици километри за враќање дома ќе биде драматично искуство за пет жени.Доцна пролет, 1..

Автор:

338 ден 450 ден

Вратената

Без никакво објаснување тринаесетгодишното девојче е оттргнато од удобноста на животот како ќер..

Автор:

252 ден 360 ден

Катедрали

Телото на седумнаесетгодишната Ана е најдено распарчано и спалено на празен плац во тивок кварт на Б..

Автор:

338 ден 450 ден

Магичен час

Еден ден, од длабочините на Националната шума Олимпик излегува шестгодишно девојче и се качува на др..

Автор:

413 ден 550 ден

Ознаки: pod tugjo sonce, miodrag majikj