Зборовите на мајка ми никогаш не беа туѓи. Сите влегуваа во мојот јазик, во кој ќе останат засекогаш...
Во брилијантната проза на Мира Марќинув сè е непредвидливо и чудно, а најчудна е смртта што не треба да се случи. Иако на децата им се чини дека нивните мајки секогаш треба да бидат со нив, во светот постојат две крајни, непредвидливи околности: се умира со трагична смрт или по долго страдање.
Во „Безматичник“ Мира Марќинув се обидува да изнајде нов јазик за да ја опише загубата на саканата личност. Интимноста и недостигот таа ги претвора во книжевност: моќна, духовита и истовремено треперлива, сурово искрена, полна со нежност и копнеж… иако огромната празнина не може лесно да се пополни.
„Безматичник“ е обид да се пронајде и да се разбере љубовта, желбата да се живее и бегството од смртта. Енергичен роман за отсуството, сеќавањата, детството во посттранзициската реалност на 90-тите години. За една безмерна љубов каква што може да се случи само меѓу мајка и нејзината ќерка, која се чувствува како пчела што ја изгубила својата матица.
Безматичник
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Мира Марќинув
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
320 ден
-
- 1 или повеќе 320 ден
Слични продукти
Ние бевме среќните
Полска, 1939 година: семејството Курц и покрај скромната егзистенција одгледуваат три генерации за п..
336 ден 480 ден
Прашајте ја Миичка
Сестрите Миичка и Лиличка одлучуваат животот да го стават на пауза и летото да го поминат во селскат..
266 ден 380 ден
Елизабет Финч
„Елизабет Финч“ е комплексен роман за преплетувањето на минатото и сегашноста и за толкувањето и раз..
273 ден 390 ден
Ознаки: bezmaticnik, mira markjinuv
