Бестселерот на Марта Хол Кели – "Јоргованот секогаш цвета по зимата", кој се продаде во милиони примероци, на читателите им ја претстави Каролин Феридеј. Сега, во "Сестри на сончогледите", Кели ја раскажува приказната на предокот на Феридеј, Џорџијана Вулзи, медицинска сестра на Унијата во текот на Граѓанската војна, чиешто занимање ја доведува до Џема, млада робинка продадена па регрутирана во армијата, како и до Ен-Меј Вилсон, господарка на плантажа на југот, чијшто сопруг се пријавува да се бори во војната.
Џорџијана Вулзи не е создадена за свет од раскошни забави и воздржани ставови на жените од нејзинот ранг. Така, кога војната ќе го потпали народот, Џорџи ја следи својата страст за болничарска работа, во време кога докторите ги сметале жените на фронтот за неприлика. Сакајќи да им покажат дека не се во право, таа и сестра и Елза тргнуваат од Њујорк во Вашингтон и Гетисбург, а вклучувајќи се во војната стануваат сведоци на невидени злосторства на ропството.
"Сестри на сончогледите" е книга инспирирана од вистински настани, во која е даден живописен и детален преглед на искуството од Граѓанската војна, од варварските и нехумани плантажи, се до злосторствата на бојното поле и опустошениот Њујорк. Тоа е сеопфатна приказна за жени кои се наоѓаат во земја на работ на пропаста, во општество кое се бори со национализам и незамислива расна суровост, приказна релевантна и денес.
Слични продукти
Полиглот
Пролетта 2021 година главниот лик во романот Полиглот е ангажиран како преведувач на меѓународна кон..
380 ден
Девојката од прозорецот
Романот по кој се снимени сериите "Девојката од прозорецот" и "Мојот дом".Ги познаваме по очите луѓе..
430 ден
Свежа вода за цвеќиња
Освен вечно актуелните теми – тага, надеж, загуба и љубов, во оваа книга нежно се допираат и сите ма..
600 ден
Некој ми го знае името
Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбит..
299 ден
Ознаки: sestri na soncogledite, marta hol keli

