Откако ќе биде тешко ранет на фронтот во Русија, младиот австриски војник Феит Колбе ќе биде вратен во родната Виена за да закрепне. Прогонуван од траумите на војувањето, Феит ќе се обиде да го спаси сопствениот живот во Месечево Езеро, мало идилично место во австриската провинција. Но, војната наоѓа начини како да се пробие дури и во најмирните места на светот и да допре до срцата дури и на најмирните луѓе.
„Под Змејската Карпа“ е воен роман заснован на историски факти и на архивски материјали кои авторот вешто и успешно ги преточува во фикција. Гајгер ѝ дава уникатност на оваа приказна за Втората светска војна така што ја раскажува од перспектива на еден припадник на германската војска кој искрено се надева дека неговата страна ќе биде губитник во војната.
„’Под Змејската Карпа’ е антивоен роман сместен во љубовна приказна… тоа е импресивна и суптилна приказна која зборува за нежноста и за топлината додека светот се распаѓа.“ - Шпигел“
„Книга за потрагата по еден изгубен свет, по еден изгубен дом и по еден изгубен лик. Но, истовремено и книга за откривањето на љубовта таму каде што се чини дека е невозможно да биде пронајдена.“ - Велт
Слични продукти
Исповедите на Катерина Медичи
Вистината е дека никој не e невин. Сите ние имаме гревови.Исповедите на Катерина Медичи е брили..
550 ден
Заветот на кралицата
Дојдов во оваа земја и немам намера да ја оставам или таа да ја засени мојата работа; ниту..
550 ден
Кажа дека не се кае
Патот долг стотици километри за враќање дома ќе биде драматично искуство за пет жени.Доцна пролет, 1..
450 ден
Собата на пеперутките
Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..
550 ден
Ознаки: pod zmejskata karpa, arno gajger
