Деветгодишната Пампа Кампана прерано ќе се соочи со ужасната суровост на војната и со тежината на загубата, но траумата што ја доживува ќе ја доведе во чудесен допир со божицата која го носи истото име како неа. Во следните двесте и педесет години Пампа целосно ќе ја промени историјата на својата земја, создавајќи го легендарниот Град на победата во кој ќе ја зачне најмоќната индиска империја.

Замислен како современа преработка на древен еп, „Градот на победата“ е триумфално дело на еден од најдобрите раскажувачи во светот, Салман Ружди. Историјата во овој роман е само заднина врз која се истражуваат личните таги, интимните радости и скриените стравови. „Градот на победата“ е историски роман за надминувањето на историјата и за победата над траумите, бидејќи зборовите се единствениот победник.

„Спонтаната и незадржлива сила на раскажувањето во ‘Градот на победата’ уште еднаш докажува зошто делата на Салман Ружди секогаш ќе бидат значајни.“ - Њујорк Тајмс

„’Градот на победата’ е роман инспириран од митологијата и од древните епови, напишан како бајка што зачудува, но истовремено и јасно упатува на нашиот современ свет.“ - Тајм

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Градот на победата

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Салман Ружди
  • Достапност: На залиха
  • 660 ден


Слични продукти

Писмото на госпоѓа Вилма

Секое семејство крие свои тајни. Меѓутоа, некои, е подобро да останат закопани. Ова е роман за тајни..

Автор:

450 ден

Љубовта доаѓа тивко

Марти и Клем тргнуваат да си ги остварат надежите и соништата на Западот. Штом пристигнуваат, Клем г..

Автор:

420 ден

Девојчински спомени

"Девојчински спомени" од Ани Ерно е уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минат..

Автор:

390 ден

Возот за Самарканд

Во 1923 година болшевичката влада одлучила околу 150 000 напуштени деца итно да бидат евакуирани во ..

Автор:

600 ден

Ознаки: gradot na pobedata, salman ruzdi