Нариман Вакил, пензиониран професор, ќе биде принуден поради здравствени проблеми да живее со семејството на ќерка си. Кога старецот се вселува во новиот дом, животите на сите членови на семејството драстично се менуваат, а нивните сфаќања за семејните обврски одеднаш добиваат нови димензии и значења.
„Семејни врски“ е роман напишан во стил на класична семејна сага, исполнет со низа пресврти и детално психолошко портретирање на ликовите. Авторот се држи до реализмот како главна раскажувачка стратегија, сакајќи на тој начин да ги долови најситните аспекти на семејниот, но и на општествено-политичкиот живот во современа Индија.
„’Семејни врски’ е напишан во манирот на големите романи на XIX век, исполнет со несентиментална нежност и зачудувачки прецизни описи на човековите желби, стравови и соништа.“ - Тајм
Слични продукти
Истоветниот пат на секојдневието
Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во ром..
500 ден
Шумата во домот
„Велите дека треба да бидам среќна. Велите дека морам да се научам на тоа. Велите дека зас..
390 ден
Тоа што го бараш, ќе го најдеш во библиотеката
Читателите сами си создаваат лични врски со зборовите, без разлика што сакал да каже авторот, и прит..
380 ден
Четирите ветришта
Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..
500 ден
Ознаки: semejni vrski, rohinton mistri
