„Елизабет Финч“ е комплексен роман за преплетувањето на минатото и сегашноста и за толкувањето и разбирањето на историјата. Централна фигура во романот е професорката Елизабет Финч, која поради своите шарм, интелект и сфаќања е омилена помеѓу студентите. Нејзините белешки, записи и дневници остануваат кај еден од нејзините поранешни студенти, кој ќе биде поттикнат длабоко да ги промисли љубовта, пријателството и вистината.

Во својот најнов роман, наградуваниот автор Џулијан Барнс ги преиспитува границите на жанрот биографија, преплетувајќи ги фактите со фикција и истовремено истражувајќи ги филозофијата и промислувањето на историјата. „Елизабет Финч“ е роман за амбивалентноста, за преиспитувањето на нашите претпоставки и на нашите претстави за себе.

„Интригантно, суптилно и вешто напишано истражување на љубовта, тагата и колективните митови на историјата. Барнс додава уште една исклучителна книга во својата богата библиографија.“ - Буклист

„’Елизабет Финч’ е едно од најдобрите и, секако, едно од најамбициозните дела на Џулијан Барнс.“ - Телеграф

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Елизабет Финч

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Џулијан Барнс
  • Достапност: На залиха
  • 390 ден


Слични продукти

Целата небесносина боја

“Барам сопатник или сопатничтка за својата последна авантура…” Вака почнува огласот што Емил го обја..

Автор:

700 ден

Истоветниот пат на секојдневието

Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во ром..

Автор:

500 ден

Париската ќерка

Приказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупаци..

Автор:

520 ден

Печуркарката

Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои..

Автор:

350 ден

Ознаки: elizabet finc, djulijan barns