Оние што ја прочитаа оваа книга помислија дека е напишана од вештачката интелигенција или, пак, зборовите излегле од авторот под благо дејство на халуциногени супстанции. Но, не е така.

Во раскошна и возбудлива приказна за авантурите на главниот јунак Дон и неговите двајца придружници, тие ќе излезат од оваа Вселена и ќе се вратат назад. Дејството се протега низ 3 000 години во иднината, а приказната се движи наназад.

„Во класичен роман сместена е неверојатна испреплетеност на импозантни знаења од астрофизиката, еволуцијата, политиката, техниката и технологијата, роботиката, вештачката интелигенција, физиката на малите честички и на универзумот. Текстот е иритација и стимулација, на моменти шлаканица, на моменти охрабрување за човекот, неговата цивилизација и правецот во кој се развива тој и неговиот универзум, личен и вселенски. Жанровски, стилски и тематски ова е единствен текст. Во новелата човекот има околу 600 години да најде решение за брзината со која се шири вселената и која поради тоа што таа е поголема од брзината на светлината, ќе произведе тотален мрак. И човекот не успеал“, ќе напише еден од оние што имаа можност да ја прочитаат пред вие да ја држите книгава во вашите раце. И плус ќе додаде – „ова е модерно актуелно современо четиво што сигурно би одекнало добро во европската културна јавност“. (Бранко Тричковски)

Еден друг читател кој ја читаше книгата во ракопис ќе рече: „Иако насловот на овој роман е песимистички, последната мисла, смртта и апокалипсата сепак ни овозможуваат да ја осознаеме надежта, поради сопствениот спиритус мовенс, нагон кој последен умира. Со еден ваков филозофски концепт, Нешовски на нас, читателите, со намера или без намера, сепак ни нуди утеха, а утехата е можеби и најдефицитарната емоција во нашево секојдневие.“ (Тони Поповски)

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Последната мисла во универзумот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Валентин Нешовски
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден


Слични продукти

Кога јас бев ти

Откако Бриен едвај преживеа брутален напад, таа не излегува од дома. Страда од неподносливи главобол..

Автор:

470 ден

Те набљудувам

Јас навистина не треба да ги прислушувам разговорите на другите луѓе. Но, невозможно е да не ги слуш..

Автор:

490 ден

Сиракот од Бергамо

Десетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повто..

Автор:

400 ден

Новогодишна ноќ

Едно среќно семејство, по многу години престој во Германија, за Нова година се враќа во Македонија, ..

Автор:

300 ден

Ознаки: poslednata misla vo univerzumot, valentin nesovski