Портрет што крие мрачно минато. Долина обвиена со мистерија. Жена што се бори за својот живот.

Заспаната нимфа - уметничко дело со неповторлива и примамлива убавина, што еден млад партизан го насликал во последните денови на Втората светска војна. Сликата со црвен пигмент на платно крие шокантна вистина... насликана е со човечка крв.

Но, која била жртвата? Нема тело, нема место на злосторството, нема сведоци, нема сомнителни, само трага од крв што ќе ги одведе наредничката Тереза Баталја и инспектор Марини во суров планински пејзаж во северна Италија. Изолираната и мистериозна долина и портретот што го одзема здивот се единственото нешто на што можат да сметаат истражителите. Низ непроодни шуми и непристапни планински врвови, црвената трага води до нешто на кој му е многу важно да ја заштити тајната што ја чува.

Времето секогаш крие нешто, неисполнето ветување, болка. Копнежливо ги покрива мислите со пријатна магла на заборават. Времето прикрива и злосторства. Закопана со години, со децении, смртта избледува, останува без емоции и на крајот се заборава, а заедно со неа и нејзините жртви...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Заспаната нимфа

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Иларија Тути
  • Достапност: На залиха
  • 630 ден


Слични продукти

Човек во лавиринтот

Бран од необична горештина ги присилува сите да го променат својот ритам на животот: сега само во мр..

Автор:

490 ден

Убава мала сопруга

Не треба ли мртвиот сопруг да остане мртов?Лајла Риџфилд живее во идиличен град, но не е сè како што..

Автор:

500 ден

Случајот Чернобог

На почетокот на 1980-тите младите психијатри Јан Леви и Татјана Фауст добиваат задача да напишат тез..

Автор:

400 ден

Совршената дадилка

Кога Мирјам одлучува да почне да работи наместо да остане домаќинка, таа и нејзиниот сопруг бараат с..

Автор:

300 ден

Ознаки: zaspanata nimfa, ilarija tuti