На својот шеесетти роденден, една жена си го одзема животот. Кога случајот пристигнува на бирото на Карл Морк, нему не му е јасно каква врска има тоа со одделот за нерешени случаи, бидејќи причината за смртта се чини сосем очигледна. Сепак, неговиот шеф, Маркус Јакобсен, е убеден дека тоа е поврзано со нерешен случај што го мачи уште од 1988 година.

На барање на Маркус, Карл и колегите од Секторот Q, Росе, Асад и Гордон, неволно почнуваат да истражуваат. Набрзо откриваат дека претчувството на Маркус се покажува точно: во текот на последните три децении, на секои две години има необични, беспрекорно темпирани смртни случаи со меѓусебна поврзаност што вклучува мистериозни купчиња сол на местото на злосторството. Како што истрагата навлегува подлабоко, се покажува дека овие „несреќни случаи“ се, всушност, дел од пакосна шема на убиства.

Соочени со својот најтежок случај досега, дополнително отежнат од рестрикциите со ковид-19 и предизвиците што им ги носи приватниот живот, колегите од Секторот Q влегуваат во трка со времето за да го пронајдат виновникот пред да се изврши следното убиство, зашто станува сѐпојасно дека убиецот нема намера да сопре...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Натриум хлорид

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Јуси Адлер-Олсен
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден


Слични продукти

Умри за мене

Кетрин Кол била убедена дека нејзиниот свршеник е совршениот маж сѐ додека не дознала дека всушност ..

Автор:

450 ден

Оклопно срце

Две жени се пронајдени мртви во Осло, удавени во сопствената крв. Полицијата е збунета од убодните р..

Автор:

500 ден

Исчезната

Зошто една полицајка сака да ослободи убиец кој не го ни познава?Откако Сара исчезна, нејзината сест..

Автор:

520 ден

Непобедлив

Вселенскиот брод „Непобедлив“ слетува на планетата Регис III. Задачата на неговиот екипаж е да ги от..

Автор:

300 ден

Ознаки: natrium hlorid, jusi adler-olsen