#2 Миа Кригер и Холгер Мунк

Тинејџерка со проблеми во однесувањето исчезнува од домот за млади. Набргу, на шумска ледина е пронајдено нејзиното мртво тело на постела од пердуви, врамено во пентаграм. Случајот е доделен на Одделението за убиства на полицијата во Осло, со истражителите Холгер Мунк и Миа Кригер. Работата е посебен предизвик за Миа, која сè уште води борба со суицидните мисли и со зависноста од апчиња и од алкохол.

Во меѓувреме, Миријам, ќерката на Мунк, доживува емоционална криза и ја преиспитува својата улога на сопруга и мајка. Откако ќе го запознае младиот интересен активист, почнува да се прашува каде исчезнала нејзината страсна политичка ангажираност, а романтичните чувства што се будат во неа ќе ја одведат директно во рацете на еден исклучително болен ум…

Истрагите на тимот Мунк и Кригер се вртат во круг сè додека не им се јави мистериозен хакер што им покажува вознемирувачко видео. Снимката разоткрива нови детали за трагичната судбина на убиената девојка, а на крајот се гледа дури и убиецот, облечен како був – птицата на смртта.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Бувот лови само ноќе

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Самуел Бјорк
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден


Слични продукти

Мистеријата на трите четвртини

Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгис..

Автор:

400 ден

Верити

Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш в..

Автор:

420 ден

Ловци на глави

Рогер Браун е пронаоѓач на стручни кадри и е најдобар во својата професија. Но ваквата кариера не е ..

Автор:

400 ден

Затвори ги очите

Ако ти се пикне под кожа, тој ќе те уништи. Ако се караш со него, ќе те победи. Бегај и ни..

Автор:

490 ден

Ознаки: buvot lovi samo nokje, samuel bjork