Една писателка на романси, која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела, кој има писателска блокада, се впуштаат во летен предизвик кој може да ги промени сите нивни досегашни верувања.

Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа везе среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.

Тие се тотално спротивни. Всушност, единственото заедничко им е тоа што во следните три месеци живеат во соседни куќи на плажа, двајцата банкрот и со писателски блокади.

Една досадна вечер, едно води кон друго и си поставуваат предизвик со цел да излезат од креативната рутина: Август ќе го помине летото пишувајќи нешто со среќен крај, а Јануари ќе заплови во водите на сериозната, интроспективна фикција. Таа ќе го носи на романтични места за да истражува за романтичната новела, а тој неа на интервјуа со преживеани од опасен култ (многу јасно). Двајцата ќе си ги завршат книгите и никој нема да се вљуби во никого. Сериозно…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Љубовно романче

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Емили Хенри
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден


Слични продукти

Понекогаш доаѓа среќа

Младата Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра. Давид по разводот опсесивно се врз..

Автор:

250 ден

Тие што се сакани

Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа г..

Автор:

499 ден

Проклетството на Палмизанови

Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. Повторно ќе се врати времет..

Автор:

400 ден

Можеби овој Божиќ

„Полн со позитивна енергија, крајно секси и празнично топол – серијалот за браќата О’Нил е совршенст..

Автор:

420 ден

Ознаки: ljubovno romance, emili henri