Карен Хорнај е психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посебно на делот за женската сексуалност. Дала своја теорија за невроза поврзана со културата. Најважен поим поврзан со теоријата на Хорнај е базична анксиозност, а пишува и за невротичните потреби кои се појавуваат поради базичната анксиозност. Нејзиното творештво го сочинуваат делата: Невротичната личност на нашето време,Нови методи во психоанализата, Неврозата и човечкиот развој и др.
Овде Хорнај ги опишува различните типови на личности и на конфликти. Укажува на тоа дека поголемиот број луѓе поминуваат низ различен број конфликти и дека сите употребуваат различни одбранбени механизми во однесувањето и во справувањето со сопствените немири. Така, личноста може во една ситуација да биде питома, а во друга агресивна или повремено да се повлече од светот во тишина и во изолација. Хорнај дава акцент на тоа како личноста одлучува да побара помош кога клучните функции на животот се во опасност. Книга за смирување на внатрешните конфликти и за пронаоѓање на вашиот спокој!
Внатрешни конфликти
- Издавачка куќа: Ѓурѓа
- Автор: Карен Хорнај
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
280 ден
-
- 1 или повеќе 280 ден
Слични продукти
Развој на интелигенцијата кај детето
Мерењето на интелигенцијата е, можеби, најчесто повторуваниот израз во психологијата во последниве н..
210 ден 300 ден
Лесни пари
Кога ќе го промените начинот на размислување за парите, ќе го збогатите сиот свој живот.Преку глава ..
392 ден 490 ден
Не пишувајте му на бившиот
“Не пишувајте му на бившиот“ е искрен, забавен и практичен водич за современото состанување. Преку л..
312 ден 390 ден
Лесниот начин да престанеш со пушење
Секој може да се фати во замката на зависноста. И секој може исто толку лесно да се ослободи од неа...
360 ден 450 ден
Ознаки: vnatresni konflikti, karen hornaj
