Дејствието во овој роман сe случува во блиско минато, приказна за една недозволена љубов помеѓу двајца млади кои припаѓаат на различни класи.

Марија е ќерка на богат човек, сопственик на неколку фирми, а Гоце е син на сиромашен рудар. Таткото на Марија не бира средства да ја уништи оваа љубов, бидејќи тој смета дека неговата ќерка треба да се омажи со богат човек, кој ќе го избере лично тој. Поради таа одлука Гоце одлучува да замине да работи во Италија за да може да заработи доволно пари и да стане достоен за Марија пред татко ѝ. Но, Марија сокрива една тајна од Гоце – таа е бремена.

Раѓа близнаци од кои и самата таа е разделена под притисок од нејзиниот татко. Близнаците Емил и Емили се дадени во дом за деца без родители и се посвоени од различни семејства. Гоце во Италија доживува многу тешкотии и падови, се соочува и со смртта. Марија исчезнува. Гоце се враќа во Македонија дури по дванаесет години – дали успева да ја оствари целта – ќе дознаете сами.

Романот „Близнаци“ ќе те натера да се замислиш, како е да се соживееш со ликовите. Има моќ која ќе ве натера да ги проширите видиците и ќе ве поттикне да внесете промена во начинот на кој гледате на животот и светот околу вас.

„Правилото да не судам книга по корицата, колку и да го практикувам, сепак, да признаам, судејќи по истата, во книгава очекував приказна за новороденчиња – близначиња, и на мое огромно задоволство добив многу, многу повеќе. Ми се допадна твојот стил на пишување, читајќи имав чувство дека сум во твое присуство и со филџан кафе си разговараш со мене. Самата приказна умешно си ја проткајала со мистерија и елементи на изненадување, што го задржа моето внимание од прв до последен збор. Најмногу ми се допаѓа што низ приказната цело време се чувствува она нашето, македонското, нашите обичаи, а особено драго ми е за содржината  на верските елементи.“ - Марина Кљаијќ

„Во македонската книжевност сè поретки се авторите кои прават напори за заживување на она што се вели наше, автентично, нешто кое е обележје на македонскиот бит. Емилија Златкова – Анастасова со нејзиниот извонреден раскажувачки талент во нејзината втора романескна рожба со примамлив наслов успеа да го сврти вниманието кај поширокиот читателки аудиториум. Вечната тема за забранетата љубов меѓу двајца вљубени на прагот на нивното крунисување со брак од страна на едниот родител читателот го навраќа  на некои дела од македонската, претежно драмска литература во која се застапени битовите елементи карактеристични и во овој роман, но овој пат претставен во модерна раскажувачка форма.“ - Томе Постолов

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Близнаци

  • Издавачка куќа: Збор
  • Автор: Емилија Златкова Анастасова
  • Достапност: In Stock
  • 320 ден
  • 240 ден


  • 1 или повеќе 240 ден

Слични продукти

Ќерките на змејот

Таа беше најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од многуте жени кои беа принудени од страна н..

Автор:

367 ден 489 ден

Феликс Австрија

Историска сага за блискоста помеѓу Стефанија Чорњенко и Адела Ангер, ќерка на добростоечки лекар. По..

Автор:

263 ден 350 ден

Девојка од мал град

Таа е девојка од мал град…Либерти Џоунс има соништа и одлучност што ќе ја одведат далеку од Велком, ..

Автор:

315 ден 420 ден

Драг Едвард

Едно летно утро, дваесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници се ..

Автор:

338 ден 450 ден

Ознаки: bliznaci, emilija zlatkova anastasova