Сиромашна и без мираз, таткото на Сабина ја принудува да се омажи за богат аристократ. Животот на Сабина драстично се менува кога од периферно гратче на Италија, таа се сели во прекрасната Фиренца и станува богата вдовица. Патријархалното општество во Фиренца е полно со тајни – жените кои не ги следат правилата се соочуваат со последици. Младата вдовица наоѓа начин дискретно да ги задоволи своите страсти.
Иако богата однадвор, таа е празна однатре – сонува за иднина исполнета со љубов без предрасуди. Сабина се спријателува со моќниот и интригантен Лоренцо Медичи и почнува да го посетува неговиот блескав дворец, каде што се собираат многубројни талентирани уметници и моќни политичари. Нејзината интелигенција и ѓаволски добар изглед ѝ даваат занесен шарм на кој тешко може да се одолее. Но, едно неочекувано предавство ја остава Сабина пред потенцијален скандал и таа е принудена да ги собере парчињата од нејзиниот уништен живот само да го спаси својот углед.
Роман полн со пресврти кој го одзема здивот. Приказна за храброста, страста и предавството, која нè пренесува директно во магичната Фиренца во најинтригантниот период од историјата – враќањето на моќта на Медичи.
Сабина
- Издавачка куќа: Книгохоличари
- Автор: Ц. Де Мело
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
343 ден
-
- 1 или повеќе 343 ден
Слични продукти
Единствената жена во просторијата
Младата австриска актерка Хедвиг Кислер, обидувајќи се да го заштити своето семејство и себеси во пр..
338 ден 450 ден
Моите пријатели
Фредрик Бакман се враќа со незаборавна, духовита и длабоко трогателна приказна за четворица тинејџер..
413 ден 550 ден
Првата кралица
Во земја каде што мажите носат превез, една жена го прекрива својот идентитет – се преправа во маж.К..
328 ден 469 ден
Четирите ветришта
Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..
375 ден 500 ден
Ознаки: sabina, c. de melo

