Жан-Жан работи како дел од обезбедувањето во еден гигантски супермаркет; неговиот живот е монотон и без перспективи, заплеткан во бесконечната хиерархија на шефови и заглавен во бездушниот свет на џиновскиот маркет на чии ѕидови вечно бдее портретот на мистериозните браќа Ајхман. По игра на случајноста, Жан-Жан ќе биде одговорен за трагичната смрт една касиерка, чии четири деца, луѓе-волци, се подготвена на сè за да ја одмаздат мајка си.

„Прирачник за преживување наменет за некадарни“ е дистописки роман за еден свет каде маркетингот паразитира врз сите сфери на животот, каде супермаркетот станал консумеристички храм и крајна точка на милениумската еволуција на видовите. Проткаена со елегантен цинизам и црн хумор, оваа книга лебди меѓу жанровите и преку фантастиката бескомпромисно ја критикува апсурдноста на времето во кое живееме.

„Во ‘Прирачник за преживување наменет за некадарни’ црниот хумор на Гунзиг прецизно ги предочува ужасите на неуморниот прогрес на човечкото општество. Тој фрла сулфурна киселина таму каде што најмногу боли. И тоа е добро!“ - Ел

„Гунзиг нè води во свет кој истовремено е смешен и мрачен, очигледно инспириран од пренагласеното насилство во популарните филмови. Но неговиот роман е триумф на имагинацијата: безмилосен, жесток, застрашувачки добар.“ - Ле монд

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Прирачник за преживување наменет за некадарни

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Тома Гунзиг
  • Достапност: На залиха
  • 330 ден


Слични продукти

Сенките на љубовта

Сенките на љубовта е роман за најдлабоките пориви што ги привлекуваат мажот и жената еден кон друг, ..

Автор:

300 ден

Лидер без титула

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формула..

Автор:

380 ден

Четворка

Еден избор го ослободува од минатото. Еден избор ја содржи неговата иднина. Еден избор ги ..

Автор:

400 ден

Дождови во мај

Сублимирани емоции со две лажички мед. Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлив..

Автор:

250 ден

Ознаки: priracnik za prezivuvanje namenet za nekadarni, toma gunzik