Димитри Димитриевич очигледно направил некаква ужасна грешка, затоа што власта одеднаш почнува да се интересира за него, а неговото име станува предмет на потсмев и критика во весниците. Набрзо, околу неговиот дом ќе почнат да се врткаат полицајци и шпиони, неговите роднини и блиски пријатели преку ноќ исчезнуваат, а нема да помине долго време пред да следува и првиот разговор со Власта. И сето тоа поради една обична, речиси заборавена опера посветена на леди Макбет… Ќе поминат децении пред оспоруваниот, навредуван и исмеван Димитри Димитриевич да ги надмине кошмарните судири со власта, да го проголта понижувањето, да се помири со својата генијалност и да стане – Шостакович.

„Шумот на времето“ е роман за тиранијата, за уметникот во заробеното општество, за времето во кое молчењето (и музиката) е единствениот облик на критика, за цената на слободата и животите изгорени од пресилната светлина на Водачот. Моќно книжевно дело кое на шокантен начин го разобличува времето во кое живееме.

„’Шумот на времето’ е ремек-дело на Барнс.“ - Observer

„Прекрасен хибриден роман, напишан во духот на руските класици, nо посветен на теми кои се неверојатно актуелни во денешното општество.“ - The Times

„Барнс ја (пре)раскажува приказната за еден од најголемите судири помеѓу уметничката слобода и тоталитарната власт. ‘Шумот на времето’ е дело достојно на генијалноста на Шостакович.“ - Guardian

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Шумот на времето

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Џулијан Барнс
  • Достапност: На залиха
  • 370 ден


Слични продукти

Пристаништето Нова надеж

„Никој не го прави тоа подобро од Холи Робинсон.“ – Сузан Стрејт, финалист на Националната нагр..

Автор:

450 ден

Француската куртизана

Таа знае како да ги натера и највлијателните мажи да ползат пред нејзините нозе… и станува единствен..

Автор:

470 ден

Градот што се викаше Солис

Шеснаесетгодишната Роуз исчезна. Гневна и бунтовна, по жестока кавга со мајка и, таа излета од ..

Автор:

490 ден

Забранет допир

Тој е осуден убиец во затвор… но таа не се плаши од него.Новинарката Софи Алтон го истражува исчезну..

Автор:

450 ден

Ознаки: sumot na vremeto, dzulijan barns