Во 1981 година, Глазгов тоне во економска и социјална криза. Агнес Бејн со своите три деца и сопругот е принудена да се пресели во малиот стан на своите родители. Борејќи се со сиромаштијата, депресијата и насилството на кое е секојдневно изложена, Агнес сè повеќе сфаќа дека никогаш нема да го живее животот што го посакува. Нејзиниот најмал син, Шаги, е единствениот што сонува дека љубовта, сепак, може да го спаси неговото семејство.
„Шаги Бејн“ е роман за растењето и созревањето на едно момче, за распаѓањето на едно семејство, за безусловната љубов, за борбата со сопствените демони и роман за пропаста на едно општество. Раскажан едноставно и низ детска перспектива, а истовремено комплексен во поглед на темите и мотивите што ги разработува, „Шаги Бејн“ е трогателен и незаборавен роман.
„Пишувајќи со голема топлина и сочувство кон ликовите, Стјуарт создава роман за својот живот без да пишува автофикција. Приказната е потресна, но ги воздигнува читателите во име на книжевноста.“ - Гардијан
Шаги Бејн
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Даглас Стјуарт
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Зрак надеж
Во текот на мојот прв ден во Монтана, ќе настанеше тепачка за количка за пазарување во продавница. Н..
416 ден 520 ден
Ноќниот портрет
Возбудлив историски роман за создавање на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи,..
368 ден 490 ден
Фати го зајакот
„Фати го зајакот“ е приказна за две жени и нивното сложено пријателство. Дванаесет години по нивната..
203 ден 290 ден
Љубов во книжарница
Љубов во книжарница е топла приказна која ќе ве увери во тоа што вистинските книгољупци веќе го знаа..
315 ден 420 ден
Ознаки: sagi bejn, daglas stjuart
