Младиот писател Виктор е очаен затоа што никако не може да ги објави своите раскази и запаѓа во сè поголеми финансиски проблеми. За да се избори со осаменоста, решава да го посвои пингвинот Миша, кого зоолошката градина во Киев повеќе не може да го чува. Тогаш и среќата на Виктор ќе се смени и тој конечно ќе најде работа, но наместо раскази, од еден локален весник ќе добие задача да пишува некролози. Меѓутоа, тој треба да пишува некролози за луѓе што сè уште се живи, па по некое време ќе сфати дека се нашол во опасна стапица на украинското подземје.
Напишан како кафкијански трилер со елементи на црн хумор и социјална сатира, „Смртта и пингвинот“ е најуспешниот роман на Андреј Курков, со кого овој автор стекнува светска слава и добива низа меѓународни признанија.
„’Смртта и пингвинот’ е трагикомично ремек-дело, брилијантна сатира на животот во современите постсоцијалистички општества.“ - Дејли телеграф
Смртта и пингвинот
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Андреј Курков
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Сенките на љубовта
Сенките на љубовта е роман за најдлабоките пориви што ги привлекуваат мажот и жената еден кон друг, ..
210 ден 300 ден
Богородичната црква во Париз
Богородичната црква во Париз е еден од најдобрите историски романи во светската литература. Во основ..
350 ден 500 ден
Пофалба на маќеата
Овој разигран роман за љубовта и страста ќе ги зацрвени образите дури и на најтврдокорните либерали ..
245 ден 350 ден
Нека играат децата
„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..
225 ден 300 ден
Ознаки: smrtta i pingvinot, andrej kurkov
