Откако ќе биде тешко ранет на фронтот во Русија, младиот австриски војник Феит Колбе ќе биде вратен во родната Виена за да закрепне. Прогонуван од траумите на војувањето, Феит ќе се обиде да го спаси сопствениот живот во Месечево Езеро, мало идилично место во австриската провинција. Но, војната наоѓа начини како да се пробие дури и во најмирните места на светот и да допре до срцата дури и на најмирните луѓе.
„Под Змејската Карпа“ е воен роман заснован на историски факти и на архивски материјали кои авторот вешто и успешно ги преточува во фикција. Гајгер ѝ дава уникатност на оваа приказна за Втората светска војна така што ја раскажува од перспектива на еден припадник на германската војска кој искрено се надева дека неговата страна ќе биде губитник во војната.
„’Под Змејската Карпа’ е антивоен роман сместен во љубовна приказна… тоа е импресивна и суптилна приказна која зборува за нежноста и за топлината додека светот се распаѓа.“ - Шпигел“
„Книга за потрагата по еден изгубен свет, по еден изгубен дом и по еден изгубен лик. Но, истовремено и книга за откривањето на љубовта таму каде што се чини дека е невозможно да биде пронајдена.“ - Велт
Слични продукти
Синџирот
Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата ки..
500 ден
Сабина
Сиромашна и без мираз, таткото на Сабина ја принудува да се омажи за богат аристократ. Животот на Са..
490 ден
Елизабет Финч
„Елизабет Финч“ е комплексен роман за преплетувањето на минатото и сегашноста и за толкувањето и раз..
390 ден
Тајната на Тоскана
Ана е скршена по смртта на мајка ѝ, која ѝ остава во аманет кутија со дневници, испишани на италијан..
570 ден
Ознаки: pod zmejskata karpa, arno gajger
