Ана, Алжбјета и Анежка. Три жени, три поколенија, една фамилија и многу животни пресврти, трауми и тајни.
„Празна мапа“ е првиот роман на денес веќе светски познатата Алена Морнштајнова, со кој таа буквално „влетува“ на книжевната сцена. Ова е роман-сага со изобилство од мајсторски извајани ликови и животни судбини. Ликовите на Алена Морнштајнова многупати се жртви на сопствените нагони, карактери и наивност, но честопати и на сплетот од општествените и политичките околности. Секој од тие ликови на свој начин се справува со љубовните проблеми, на свој начин сака и мрази, озборува или молчи, на свој начин (не) верува во почетокот на војната или во исправноста на повоениот режим; секој од тие ликови на свој начин го придобива читателот и трајно му се врежува во книжевната меморија.
Слични продукти
Москва на солзите не им верува
Ова е генијално топла, едноставна и мудра приказна за борба за иднината, но и за опстанокот на три м..
490 ден
Кога животот ќе ти подметне нилски коњ
Кога дедото на Естер, Ханибал, ја купува куќата на "Палермовај", улица на данскиот остров Амагер, во..
550 ден
Бронзениот коњаник 1
Златните неба и прозрачните квечерини на белите ноќи и понатаму го чуваат сјајот на минатото. Величе..
500 ден
Мајка од магла
Млада девојка од село од Прилепско, намачена од работа, сонува за подобар живот во главниот град, ка..
320 ден
Ознаки: prazna mapa, alena mornstajnova