Јулија е господарка на сопствениот живот. Никој како неа не умее толку цврсто и разумно да ги држи конците на случувањата. Таа самата одлучува кога да забремени и на бременоста ѝ приоѓа со сета сериозност и деловна одговорност. Откако по неблагопријатниот тек на случувањата Јулија останува и без партнерот и без бебето, се решава да посвои дете. И тука навидум среќата ѝ се насмевнува: благодарение на способноста за преговарање успешно ја склучува зделката по која ја добива Агнес, новороденче од ромско потекло.
Од овој миг натаму доволно ќе биде да се согласуваат и Јулија ќе успее од Агнес да ја создаде Анешка, девојчето од мечтите, кое нема ништо заедничко со ромскиот народ. За да ѝ успее планот, Јулија ја смислува приказната дека Агнес има кубанско потекло, која потоа ќе им ја продава и на Агнес и на светот. И покрај сите усилби, Јулија постојано во Агнес ќе го препознава „повикот на крвта“. А можеби, сепак, „повикот на крвта“ е само плод на предрасудите на Јулија?
Слични продукти
Клубот на убиства во четврток
Брилијантна четворка со неколку скриени трикови во ракавите, жена полицаец со својот прв голем ..
500 ден
Сребрениот куфер
Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелиј..
480 ден
28 лета
Кога Линк, синот на Малори Блесинг, ќе добие барање од мајка си да се јави на еден телефонски број и..
500 ден
Првата жена фараон
Таа беше толку убава што сите жени ги засенуваше. Толку интелигентна, што успеа да ги погази си..
500 ден
Ознаки: agnes, viktorie hanisova