Роман за слепата љубов, насилството и капитализмот. Базиран е на вистински настан – пожар на патнички траект во 1990 година, во кој загинаа 159 луѓе. Иако настанот е реален, ликовите се фиктивни.

Жена патува со автобус низ јужна Данска. Кога погледнува низ прозорецот, пред неа се појавува лик на маж со бела коса. Заслепена е од неговото лице, но не го препознава. Повторно се качува во автобусот, овој пат патувајќи во спротивната насока, и се симнува на местото каде што ѝ се појавил ликот на човекот. Во моментот кога се доближува до една куќа и заѕвонува на ѕвончето, пред неа се откриваат слики од животот на двајца луѓе, Курт и Меги.

Сопружниците живеат на фарма во своите подоцнежни години. Тука Курт ја започнува својата мала автобуска компанија, додека Меги води тивок живот, тонејќи во спомените. Во куќата тие се љубат и се караат. Како што изминуваат годините, караниците се сè почести, сѐ додека нивната врска не се распадне, оставајќи ги само со чувство на апатија. Тоа што на почетокот е пламена страст почнува да венее, а насилното минато и финансиските проблеми сѐ повеќе се испречуваат помеѓу нив. По нејзината смрт, еден бизнисмен го охрабрува Курт да инвестира во траект што ќе плови помеѓу Данска и Норвешка. Набрзо ги губи сите вложени пари откако траектот ќе изгори. Ги поминува своите последни денови сам и во сиромаштија. Спомените го измачуваат и почнува да ги слуша криковите на првородениот син.

Романот е наречен „најамбициозен книжевен потфат за 2020 година“.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Болка во џебот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Аста Оливија Норденхоф
  • Достапност: На залиха
  • 250 ден
  • 188 ден


  • 1 или повеќе 188 ден

Слични продукти

Меден месец

Што сè може да се случи за време на медениот месец кога одиш со твојот најголем непријател ..

Автор:

368 ден 490 ден

Крадци и проститутки

14ти Јуни, 1941 годинаТие ме зедоа облечена само во ноќница. Тоа не беше тропање. Тоа беше страшно т..

Автор:

263 ден 350 ден

Сите опустошени места

1946 година. Три години по катаклизмичниот настан кој им ги разнишува животите од корен, мајка и ќер..

Автор:

413 ден 550 ден

Генијални лаги

Ева Бенедикт е последна од филмските диви, симпатичен секс-симбол со освоени два Оскара, четири пора..

Автор:

413 ден 550 ден

Ознаки: bolka vo djebot, asta olivija nordenhof