Величествен, опсежен роман за желбата, амбицијата и жедта за знаење. Вметнувајќи го својот уникатен глас во волшебна приказна за љубов, авантури и откритија, Елизабет Гилберт го опфаќа периодот од XVIII и XIX век.

Романот ја следи судбината на необичното семејство Витакер, на чело со бизнисменот Хенри, Англичанец од сиромашно потекло, кој стекнува огромно богатство во Јужна Америка благодарение на трговијата со кинин и на крајот станува најбогатиот човек во Филаделфија. Неговата ќерка Алма, родена во 1800 година, покрај парите, ја наследува и татковата интелигенција, па станува надарена ботаничарка. Како што истражувањата ја водат кон длабоките мистерии на еволуцијата, таа се вљубува во Амброуз Пајк, човек што слика неповторливи орхидеи и ја одвлекува во свет поразличен од нејзиниот – свет на духовното, божественото и магичното. Алма е трезвен научник, Амброуз уметник на утопија – но тоа што го обединува овој необичен пар е очајната желба да сфатат како функционира светот...

Извонредно истражен и раскажан со галопирачко темпо, романот нè води низ целиот свет – од Лондон до Перу, Филаделфија, Тахити, Амстердам… Напишана со смел, предизвикувачки дух на тоа време, мудрата, промислена и волшебна приказна на Гилберт со сигурност ќе ги освои срцата и умовите на читателите.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Белегот на сите нешта

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Елизабет Гилберт
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден


Слични продукти

Хипи

Црпејќи од своето богато животно искуство, во овој роман Пауло Коелјо пишува за сонот за преобразба ..

Автор:

400 ден

Последните часови

На прв поглед Катарина Сафран е олицетворение на успехот. Нејзиното име е синоним за вештина, стручн..

Автор:

420 ден

Аферата Кристи

„Аферата Кристи“ од американската авторка Нина де Грамонт е роман што се заснова на вистински настан..

Автор:

490 ден

Шиндлеровата листа

Романот "Шиндлеровата листа" предизвикал опширна полемика поради покажувањето на еден друг поглед на..

Автор:

550 ден

Ознаки: belegot na site nesta, elizabet gilbert