Таа секој миг може да исчезне не кажувајќи збогум.

Рикардо е опсесивно вљубен во една необична девојка која постојано исчезнува и ненадејно се појавува. Луд по неа уште од тинејџерските години, влегува во еден маѓепсан круг од кој не сака да излезе. Како и да се појави, како жена на француски дипломат, како љубовница на мистериозен јапонски бизнисмен или како сопруга на богат Англичанец, Рикардо жедно ја прифаќа поканата на неодоливата измамничка.

Ќе дознае ли некогаш која е таа навистина? Тешко прашање, исто како и дилемите околу идентитетот и личниот и националниот. Сите ликови расфрлени низ светот како семиња на ветер, опседнати со своите амбиции и желби, се луѓе кои се борат за своите идеали, подготвени да го сменат својот идентитет како да облекуваат нов костум. Во својот обичен живот во саканиот Париз, во свет на лаги и брзи промени, Рикардо не престанува да го очекува враќањето на своето лошо девојче. Ќе паднат ли на крај маските и ќе се открие ли вистинското лице на љубовта?

„Приказна која опфаќа децении и континенти, раскажана со таква умешност што се граничи со вешто премостување на личното и универзалното.“ - Сан Франциско кроникал

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Авантурите на лошото девојче

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Марио Варгас Љоса
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден
  • 375 ден


  • 1 или повеќе 375 ден

Слични продукти

Тишини

Романот „Тишини“ е првообјавениот роман на еден од најважните светски писатели на дваесеттиот век, М..

Автор:

225 ден 300 ден

Седумте

„'Седумте' е дело кое нема да ве однесе само на падините и на врвовите на далечните, за повеќето од ..

Автор:

338 ден 450 ден

Три нови драми

Од памтивек волците колат јагниња и ниеднаш ниедно јагне не заклало волк, па сепак, на светот има по..

Автор:

240 ден 320 ден

Чудото

Ема Донахју, инаку неверојатен пишувач на историски романи, овој роман го посветува на девојките и д..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: avanturite na losoto devojce, mario vargas ljosa