Напната психолошка драма што се чита во еден здив, за создавање и за растурање на едно семејство — и за една жена, чиешто искуство со мајчинството воопшто не личи на тоа што го очекувала — и е сѐ од тоа од што се плашела.

Блајт Конор е решена дека ќе биде топла и мила мајка на своето новороденче Виолета, тоа што таа самата никогаш го немала. Но, среде напнатоста во првите исцрпувачки денови од мајчинството, Блајт почнува да мисли дека нешто не е во ред со нејзината ќерка—таа не се однесува како другите деца. Или, пак, Блајт само си замислува? Нејзиниот сопруг, Фокс, вели дека таа си замислува некои работи. Колку што повеќе Фокс ја разубедува во врска со нејзините стравови, толку повеќе таа почнува да си го преиспитува здравиот разум, а и ние почнуваме да се прашуваме дали е точно тоа што ни го раскажува Блајт за својот живот.

И потоа се раѓа нивниот син Сем, а со него Блајт остварува блажена поврзаност каква што отсекогаш си замислувала дека ќе има со своето дете. Се чини дека дури и Виолета го сака брат ѝ. Но, кога в миг ќе им се промени животот, стравотното излегување од колосек ќе ја натера Блајт да се соочи со вистината.

„Инстинкт“ е импресивно и вешто напишано четиво што ќе го прочитате во еден здив, тоа е роман што ќе ве обземе и ќе ве поттикне да преиспитате сѐ што знаете за мајчинството, за тоа што им го должиме на децата и какво е чувството кога никој не ѝ верува на една жена.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Инстинкт

  • Автор: Ешли Одрин
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден


Слични продукти

Париската сопруга

1920 год во Чикаго: Хејли е дваесет и осум годишна девојка која мисли дека среќата ја напуштила. Слу..

Автор:

470 ден

Девојката со седум имиња

Вистинска приказна за една храбра и исклучителна жена која успева да помине низ пеколот и назад.Како..

Автор:

490 ден

Предодредени еден за друг

Може ли таа да ги издржи бурите од животот што дуваат во неа?Во 1869 година, семејството на Глоријан..

Автор:

450 ден

Скоро парижанка

Девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду..

Автор:

300 ден

Ознаки: instinkt, esli odrin