„Игра на лагите“ претставува уште една загадочна мистерија од перото на Рут Веар, авторката на светските бестселери „Жената од кабината бр.10“ и „Во една мрачна, мрачна шума“.

Пораката пристигнува доцна во ноќта. Само два збора: Ми требате.

Иса веднаш го остава својот секојдневен живот зад себе, ја зема својата шестмесечна ќерка и се упатува кон Салтен. Во тамошниот интернат, сместен во близина на селото, ги поминала пресудните денови од својот живот, денови чија сенка сè уште се надвиснува над неа.

Во училиштето, заедно со своите три најдобри другарки обожавала да ја игра Играта на лагите. Се натпреварувале кој подобро ќе ги убеди луѓето во бесмислените приказни и лаги. Сега, седумнаесет години подоцна, на плажата е пронајдено нешто ужасно. Нешто што ќе ја принуди Иса да се соочи со своето минато, заедно со трите жени што ги нема видено многу одамна, но кои никогаш не ги заборави.

Нивната повторна средба воопшто не е пријатна: Салтен не е безбедно место за нив, не по она што го направиле во минатото. Време е четирите пријателки да ги усогласат своите приказни...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Игра на лагите

  • Автор: Рут Веар
  • Достапност: На залиха
  • 399 ден
  • 299 ден


  • 1 или повеќе 299 ден

Слични продукти

Без здив

Во зоната на смртта, кога мозокот е гладен за кислород, не може да им се верува ниту на сопствените ..

Автор:

312 ден 520 ден

Соломоновиот знак

Лето, период на годишни одмори. Осло е пуст, зафатен од тропски горештини. Во еден стан недалеку од ..

Автор:

375 ден 500 ден

Вкусот на одмаздата

Карл Морк се враќа со најсложениот случај досега!Во 1987 година Нет Хермансен планира да им се одмаз..

Автор:

375 ден 500 ден

Убиствата на Алиса

Која тајна од животот на Луис Карол ќе предизвика нова серија ужасни убиства?Младата стипендистка Кр..

Автор:

263 ден 350 ден

Ознаки: igra na lagite, rut vear