„Ловец на спомени“ е егзистенцијална сага, драматична игра проткаена со копнеж. Виртуозна приказна, филигрански доловена со препознатливиот, лиричен сензибилитет на книжевното перо на Серафимовска. Роман што покрај носталгијата, кај читателот буди јасна надеж и предизвикува наслада за сите сетила.

Сегашност, Чикаго. Младиот академски сликар Бенџамин Блумфилд запаѓа во тешка финансиска ситуација и навидум безизлезна, психолошка криза. Смртта на неговата мајка Естер Хантер само го продлабочува емотивниот колапс. Тој очајно ,,чекори по танко јаже“ додека истовремено жонглира со разнишаната долгогодишна врска со неговата свршеница Леонора Ларсен – модел за долна облека од нордиско потекло, но и со својот отуѓен татко Џејкоб Блумфилд, богат и успешен кривичен адвокат со кого имаат комплициран однос.

Љубовта кон мајката е окосница на оваа топла и трогателна приказна. Споменот на неа е како светилник, но и тој, полека му избледнува од потсвеста. Соочен со своите внатрешни демони и прогонуван од соништата, Блум се бори со сите сили да исплива од тој длабок океан на тагата. Само љубовта е она што, сепак, го одржува на површината…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Ловец на спомени

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Катерина Серафимовска
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Пашата на вкусовите

Ова е приказна за авантура опкружена со ѕвезди и шепотења, којашто започнува во султанската палата Т..

Автор:

350 ден 500 ден

1794

Стокхолм, 1794 година: Шведска ја преживува една од најголемите кризи во својата историја, политички..

Автор:

301 ден 430 ден

Шумата во домот

„Велите дека треба да бидам среќна. Велите дека морам да се научам на тоа. Велите дека зас..

Автор:

273 ден 390 ден

Врани

Во крошната на стариот брест се создава едно семејство врани, кое набргу станува инспирација за искл..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: lovec na spomeni, katerina serafimovska