Полина Фонтана е жизнерадосна старица, која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но, сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија. Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.
Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит. Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов. Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќе успеат да ја најдат својата вистинска љубов?
Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни – тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови…
Лето во Тоскана
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Лори Нелсон Спилмен
- Достапност: На залиха
-
500 ден
Слични продукти
Храброста на жената
Раскази од животот и за животот, за пријателството, за љубовта, за силата и храброста на жената, за ..
250 ден
Последната куќа од улицата
Дијана Чејмберлен е убедливо виртуоз за приказни исполнети со длабоки емоции. Проникливоста во човеч..
500 ден
Спокој
"Спокој" е жив сеизмограф за внатрешните потреси и настани на мајка и син, заробени во Едиповиот кош..
499 ден
Горчливиот вкус на успехот
…И покрај големиот успех во Париз, на лицето на Петра провејуваше една сенка што ги истакнуваше нејз..
350 ден
Ознаки: leto vo toskana, lori nelson spilmen
