Луси и Савана се убави, паметни и обожавани девојки, кои живеат во својот роден град во Тексас. Луси е венчана за мажот од соништата и живее во новиот, раскошен дом, а Сави е дружељубивата, мила девојка што сите ја сакаат, а особено е популарна кај мажите, ако им се верува на гласиштата. Но, кога Луси ја наоѓаат како лута по улиците облеана во крвта на својата најдобра другарка, сите мислат дека таа ја убила.
Од таа кобна ноќ, на која Луси не се сеќава, се поминати години и таа сега живее во Лос Анџелес и се обидува да изгради нов живот. Но, Бен Овенс, вообразениот и неверојатно привлечен водител на исклучително популарниот поткаст за решавање нерешени убиства, одлучува во втората сезона да го истражи убиството на Савана. Луси е принудена да се врати во родниот град, во местото во кое се има заколнато дека никогаш повеќе нема да се врати, за да се обиде да го открие убиецот на својата другарка – макар и тоа да е таа.
Вистината е во етерот. Треба само да знаеш како да ја начуеш.
Ја слушнавте ли лагата?
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Ејми Тинтера
- Достапност: На залиха
-
550 ден
Слични продукти
Оки железо за магичното сечило
Митот стана реалност – по стотици, ако не и илјадници години, по земјата чекори човек кој ги поседув..
550 ден
Бегство
Како да фатите бегалец кој нема што да изгуби?Еден опасен затвореник, на кој му се посреќува, се пуш..
420 ден
Водни ритуали
Жртвата која некогаш била измачувана од монструм и самата станува монструм…Бремена жена е убиена на ..
600 ден
Глас ја сече ноќта
Во напуштеното село, мртвиот чека прочистување, а живите – одговори...Под светлината на полната месе..
300 ден
Ознаки: ja slusnavte li lagata, ejmi tintera
